12:53 - 5 декември, 2025

РОМАНТИЧНОТО СРЦЕ НА ЏЕЈСОН МОМОА: Ја видел на телевизија кога имал 8 години и одлучил – „Ќе биде моја!“

џејсон момоа лиса бонет

Сите имаме симпатии како деца, но ретко кога се случува таа љубов да се оствари кога ќе пораснеме. Џејсон Момоа е редок исклучок кој успеал токму во тоа. Имено, кога имал само 8 години, Џејсон за прв пат ја видел актерката Лиса Бонет на телевизија. Тогаш тој се решил дека ќе ја освои и ќе се ожени со неа во одреден момент.

Во текот на осумдесеттите години, Лиса Бонет била една од најголемите телевизиски sвезди. Серијата „The Cosby Show“ во која играше беше обожавана од милиони, а меѓу нив бил и идниот холивудски актер Џејсон Момоа. Иако е 12 години постара од него, Џејсон верувал дека таа е неговата судбина.

„Отсекогаш сум сакал да ја запознаам. Таа секогаш беше кралица за мене”, откри Џејсон во едно интервју.

ФОТО: EPA/PAUL BUCK

Години подоцна, сонот се остварил

Во 2005 година, Џејсон случајно ја запознал Лиса и не сакал да ја пропушти можноста за која сонувал со години. Лиса била фасцинирана од неговата посветеност кон неа и погледот полн љубов што ѝ го упатил.

„Љубовта се роди во тој момент и стана голема, а тој не избега како што мислам дека повеќето мажи бегаат. Практично ме крена и ме пренесе преку рамото, како некој пештерски човек”, открива Лиса.

Нивната врска започна кратко по првата средба, но тие се венчаа дури во 2017 година, 12 години подоцна

ФОТО: EPA-EFE/NINA PROMMER

Џејсон ја прифати нејзината ќерка Зои, која Лиса ја има со поранешен сопруг Лени Кравиц со кој тој стана добар пријател. Лиса има двете деца со Џејсон, ќерка и син.

И по вкупно 15 години љубов, Момоа секој ден размислува како може да ја израдува својата сопруга. „Мојата сопруга е моја кралица. Ако се однесуваш кон својата жена како божица, се грижиш за неа и ја поддржуваш, ќе бидеш среќен човек”, рече Момоа.

И Лиса е навистина среќна жена. Таа признава дека дури и по сите овие години,  сè уште се чувствува како да е на седмото небо во неговата прегратка.

„Тој е алфа маж кој ќе направи сè за семејството и љубовта. Тој е ретка форма на вистинска мажественост во денешно време, тој е лидер, но исто така е многу дарежлив и нежен”, вели Лиса за нејзиниот сопруг.

ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Извор: „stil.kurir“

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....