12.8 C
Скопје
17:32 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ОМЛЕТ ТОРТИЉА: Лесен и идеален за да си го носите со вас кога ви треба брз оброк!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи тортиља за брз доручек кој нема да ви одземе повеќе од 10тина минути.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • спанаќ
  • павлака
  • кашкавал/моцарела
  • тортиља

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Најпрво изматете ги јајцата и ставете ги на тавичка на малце маслиново. Печете ги само од едната страна како омлет/палачинка на тивка температура, а во меѓувреме почнете со редење на состојките. Јас ставив спанаќ, премачкав со павлака и ставив парчиња кашкавал или моцарела. Преклопете и оставете неколку минутки. Во грил тавичка или на тостер ставете тортиља и во неа ставете го омлетот. Преклопете и потпечете од двете страни. Исечете го на парчиња, завиткајте го спакувајте го и имате брз, лесен и највкусен појадок кој ќе ве држи сити подолго време. Може дополнително да си земете и плус некоја лажица павлака како сосче за макање.

мартина тортиља
фото: инстаграм

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

 

Слични објави

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova
Се вчитува....