11.8 C
Скопје
18:49 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Посни сникерс коцки – брзо се прават, уште побрзо се јадат!

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни подготви еден брз, лесен и вкусен, лапни – голтни рецепт. Вкусни, а посни сникерс коцки!

Потребни состојки:

  • 100 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 200 гр мелени, печени, не солени кикирики
  • 125 гр маргарин
  • 200 гр мелени бисквити

За прелив:

  • 200 гр црно посно чоколадо
  • 6 лажици масло
  • 200 гр сецкани кикирики

Подготовка:

Се вари сируп од шеќерот и водата и се остава малку да се излади. Во сад се ставаат мелените бисквити и кикирики, претходно стопениот маргарин и на крај се додава сирупот. Се меси додека не се добие мазна смеса. Во тавче (ако сакате да бидат повисоки во помало тавче, ако не во поголемо) обложено со хартија за печење се распоредува смесата. Убаво се натапкува и се премачкува со мед. Се прелива со 200гр чоколадо стопено со 6 лажици масло и над него се додаваат сецканите кикирики. Се остава во фрижидер неколку часа и потоа се сече на коцки.

Слични објави

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.

(Фото) Сестрата на Богдана Ражнатовиќ отиде во Москва: Мами воздишки во мини здолниште и мрежести чорапи

Еспресо

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо
Се вчитува....