04:59 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Направете си и уживајте во Банана лепче, не се важи за десерт!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Дали сте знаеле дека банана лепчето (banana bread) потекнува од Америка? Иако оригиналната верзија се прави само со изгмечени банани, јас ја обожавам оваа со додаток на кршени лешници и чоколадни капки кои го збогатуваат вкусот, ни вели Теа.

Потребни состојки:

🍌250 гр. брашно
🍌80 гр. шеќер во прав
🍌80 гр. путер (на собна температура)
🍌1 мала лажичка прашок за пециво
🍌1 мала лажичка сода
🍌2 банани
🍌2 јајца
🍌50 гр кршени лешници
🍌50 гр чоколадни капки или чоколадо за готвење на ситни коцки

Подготовка:

Брашното, шеќерот, путерот, прашокот за пециво и содата се мешаат во длабок сад со рака и во средина се прави дупка во која се ставаат бананите, претходно изгмечени со вилушка и јајцата, претходно изматени со вилушка. Се се меша со лажица, се додадаваат лешниците и чоколадните капки и се става во калап за печење обложен со хартија за печење.
Се пече 30-40 минути на 180 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....