17.1 C
Скопје
05:00 - 7 јуни, 2026

ШАКИРА И КЛАУДИЈА ШИФЕР ВМЕШАНИ ВО СКАНДАЛ? Ѕвездите поврзани со „Пандора документите“

Повеќе од десетина шефови на држави и влади, милијардери, но и светски музички ѕвезди, криеле милиони средства тајни офшор сметки во даночните раеви, се наведува во истрагата објавена денеска од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Истрагата за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост“ и „Гардијан“, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот, пренесува „Слободен Печат“.

Клаудија Шифер и Шакира се едни од познатите лица поврзани со истекувањето на „Пандора документи“. Весниците тврдат дека колумбиската поп ѕвезда Шакира формирала офшор ентитети на Британските Девствени Острови за да прикрие имот. Но, адвокатите на пејачката рекоа дека ги објавила офшор компаниите, додавајќи дека тие не даваат даночни олеснувања, пренесува „Dailymail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Таа, веќе е во правна расправија со шпанската влада, која ја обвини дека не плаќала данок во Шпанија во годините 2012, 2013 и 2014 година. Шакира претходно изјави дека во тие години живеела на Бахамите и не била жителка на Шпанија, само ја посетувала земјата „спорадично“.

Иако се тврди дека се преселила во Шпанија во 2011 година кога беше објавена нејзината врска со фудбалерот Жерар Пике, обвинителите тврдат дека таа го одржувала своето официјално даночно живеалиште на Бахамите до 2015 година кога почнала да плаќа даноци во Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

Шпански судија во јули одлучи дека има „доволно докази“ за да и се суди за затајување на даноци од над 12 милиони фунти. Се очекува поп-пејачката да инсистира дека не згрешила доколку не постигне договор во последен момент со државните обвинители и мора да заземе став.

Како одговор на именување на нивниот клиент во извештајот, претставниците на германскиот супермодел Клаудија Шифер (51), рекоа дека таа правилно ги плаќа даноците во Велика Британија, каде што живее.

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....