22:05 - 6 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Карамелизиран печен копан со надкопан во карамел од калинка и портокал

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

А денес Теа ни подготви карамелизиран печен копан со надкопан во карамел од калинка и портокал, за елегантно да ја отвориме сезоната на калинката.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Американската класика Mac&Cheese – кремасти потпечени макарони

Потребни состојки:

  • 1 кг. пилешки копан со надкопан
  • 125 гр. кафеав шеќер
  • 50 мл. сируп од калинка или балсамиран оцет од калинка
  • 100 мл. сок од портокал
  • 50 мл. вода
  • 1 лажица потпечени микс семки
  • зрна од 1/2 калинка
  • сол и бибер
  • мешан сув зачин
  • ливчиња свежо нане

Подготовка:

Одвојте ги копанчињата од надкопаните и зачинете ги од сите страни. Наредете ги во тавче со тешетка, попрскајте ги со масло о ставете ги да се печат во ретна на 180 степени 30-40 минути. Во меѓувреме подгответе го карамелот. Во мало тенџере ставете ги шеќерот, сокот од портокал, сирупот од калинка и водата. Оставете го карамелот да изврие со повремено мешање, додека да добиете структура на мед. Откако ќе се испечат копанчињата и надкопанчињата, премачкајте ги со карамелот и вратете ги во рерна на 250 степени уште 10 минути да се карамелизираат. Сервирајте ги со миксот од семки, зрна од калинка и ливчиња нане.

На здравје и уживајте!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Посни сникерс коцки – брзо се прават, уште побрзо се јадат!

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....