17.8 C
Скопје
17:07 - 18 октомври, 2026

Реакции за осудите против Жерар Депардје, многумина се мајтапат: „Ех, па тоа е само Жерар“

Откако францускиот портал „МедиаПарт“ откри дека дури 13 жени го обвинуваат познатиот актер за сексуално вознемирување во периодот од 2004 до 2022, за време на снимање на различни филмови, реакциите не стивнуваат.

Правните застапници на Депардје од париската адвокатска фирма истакнаа дека некои од извештаите се засновани на „многу субјективни проценки и/или морални предрасуди“:

„Тој формално ги негира сите обвиненија кои би можеле да потпаднат под кривичниот закон“, изјавиле адвокатите на Депардје, пренесува „Дедлајн“.

Голем број режисери и продуценти вклучени во продукциите наведени во извештајот дадоа свои изјави во кои негираат какви било сознанија за постапките на Депардје.

МедиаПарт истакнува дека се што е откриено е резултат на неколкумесечно истражување, поттикнато од долгогодишните гласини за односот на Депардје кон жените. Дури тринаесет жени кои сега ги изнесоа своите тврдења застанаа на страната на француската актерка Шарлот Арно, која во 2018 година поднесе официјално обвинение за силување против актерот.

Актерката, чиј татко бил пријател на Депардје, го обвини Жерар дека ја силувал и сексуално ја нападнал двапати во нејзиниот дом во Париз во летото 2018 година, откако таа отишла кај него за професионален совет. Случајот моментално е „во рацете“ на француските судови откако беше одбиен обидот за поништување на обвиненијата.

„Покрај жалбата против Шарлот Арно, собравме 13 пријави од жени кои велат дека биле изложени на сексуално несоодветни шеги или сугестии од познатиот актер, од различен степен и сериозност“, се наведува во написот на МедиаПарт. Покрај обезбедувањето детални информации, од кои некои доаѓаат од признанијата на анонимните глумици и членки на филмските екипи, овој извештај ја осудува и филмската и ТВ индустријата за замижување пред постапките на Депардје.

„Во различни извештаи се чини дека истата сцена се повторува. Тие се актерки, шминкери и членови на екипата кои потврдуваат дека биле изложени на различни видови несоодветно однесување, како што се ставање рака на задникот, меѓу нозе, на бутовите или на стомакот; како и непристојни сексуални понуди, а понекогаш и упорно стенкање“.

Во тексот се наведува дека овие инциденти на снимање често биле отфрлани со смеа, а истата фраза се повторувала по неколку жалби:

„Ах, па тоа е само Жерар“

Забележано е и дека многу од жените, кои биле изложени на наводно сексуално провоцирање, поради страв не излегле јавно да се искажат или не се обратиле до државните органи во моментот на несоодветните постапки на Депардје. Се плашеле од реакциите мислејќи дека после тоа никогаш повеќе нема да можат да работат на филм или телевизија.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....