20:33 - 3 ноември, 2026

Рада Манојловиќ проговори за тешкото детство на Милан Станковиќ

Српската пејачка Рада Манојловиќ по долго време јавно прозборе за својот поранешен партнер и колега Милан Станковиќ, откривајќи ги причините поради кои тој реши целосно да се повлече од музичката сцена и од јавниот живот. На социјалната мрежа Икс, Рада застана во негова одбрана и истакна дека публиката сè уште неизмерно го сака и со нетрпение го очекува неговото враќање.

Пејачката се осврна на притисокот со кој Станковиќ се соочувал на врвот на својата кариера:

„Само оној што беше сведок на тоа време може да разбере зошто се повлече. Истите оние што го сатанизираа поради изгледот и целата негова појава, идеи и визија, и ден-денес живеат од неговата изолација. Парадокс. Луѓето го сакаат и едвај чекаат да се врати, тоа е најважно“.

Покрај естрадните притисоци, познато е дека врз животот и карактерот на Милан длабок белег остави и неговото тешко детство. Тој израснал без татко, додека неговата мајка работела макотрпни работи, чистела по куќи и се задолжувала за да ги прехрани него и неговата сестра.

Пејачот во една прилика призна дека писмата што татко му ги праќал од затвор му нанеле голема траума и чувство на инфериорност меѓу врсниците, што дополнително влијаело врз неговиот животен пат.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....