14:46 - 7 ноември, 2026

„Работиме на тоа долго време“ – Саша Ковачевиќ првпат проговори за бременоста на Зорана и му одговори на Ѓоле Ѓогани

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ за првпат јавно ја потврди веста дека ќе стане татко. Тој се појави на концертот на младиот колега Јаков Јозиновиќ во придружба на својата свршеница Зорана, каде што не ја криеше среќата за новата животна улога.

Ковачевиќ призна дека со Зорана, со која е во врска девет години, подолго време планирале потомство.

„Искрено, останав без текст кога дознавме. Пресреќен сум што ќе станам татко. Ние сме тим и функционираме одлично, а иако Зорана сега е во период кога и пречат одредени мириси и храна, се трудиме да балансираме“, изјави пејачот.

Одговор до Ѓоле Ѓогани

Саша не остана должен ниту на прозивките од Ѓоле Ѓогани, кој неодамна го критикуваше него и Дадо Полумента дека кариерите ги изградиле на препеани туѓи песни.

„Не би се согласил дека тоа почна од мене, многу постари колеги го правеа истото уште во 80-тите. Ништо не е украдено, сè е авторски платено. Музиката треба да нè спојува, а не да нè раздвојува“, дециден е Ковачевиќ.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....