14:28 - 4 ноември, 2026

Прво огласување на Рики Мартин по фрлениот солзавец за време на неговиот настап во Црна Гора

За Денот на независноста на Црна Гора пееше Рики Мартин, а за време на настапот на светската музичка ѕвезда се случи инцидент кога во публиката беше фрлен солзавец.

Тој сега првпат се огласи на Инстаграм и истакна дека сѐ уште е под импресии.

„Црна Горо, ќе изберам да се сеќавам само на неверојатната енергија што ја почувствував од сите вас. Публика толку топла и полна со љубов. Заедно ја славевме музиката, културата и, секако, вашата независност. Сѐ уште сум под импресии од таа неверојатна вечер настапувајќи за вас. Ви благодарам многу за поканата, ви испраќам многу љубов и сигурно ќе се вратам – напиша Рики Мартин на социјалната мрежа.

Црногорската полиција трага по лицето кое фрлило солзавец на концертот на латиноѕвездата на централниот плоштад во Подгорица по повод Денот на независноста. Солзавецот предизвикал паника меѓу граѓаните и концертот накратко бил прекинат, но набрзо продолжил.

Инцидентот предизвика големо разочарување и вистинска бура на социјалните мрежи. Наместо вечерта да помине исклучиво во знакот на музиката и славењето, овој неочекуван настан предизвика шок кај присутните, а на интернет набрзо почнаа да се редат коментари од огорчени граѓани кои не го криеја незадоволството и срамот поради ваквото однесување.

Слични објави

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.
Се вчитува....