15:12 - 27 ноември, 2026

Прво огласување на Душко Тошиќ по пријавата од Карлеуша: „Јас сум во својот стан“

Откако поп-дивата Јелена Карлеуша од Дубаи ја контактирала српската полиција и го пријавила својот поранешен сопруг Душко Тошиќ за наводен упад во стан на Дедиње, сега следи и неговото прво јавно огласување.

Како што беше објавено, Карлеуша пријавила дека Тошиќ без нејзино знаење и без претходен договор ги сменил бравите на влезната врата од станот, поради што побарала итна интервенција од надлежните институции.

Редакцијата побара изјава и од другата страна. Душко Тошиќ кусо и јасно одговорил, без да навлегува во детали и без желба за понатамошен коментар.

„Не знам што ме прашувате? Јас сум во својот стан“, изјавил Тошиќ, по што повеќе не одговарал на телефонски повици и пораки.

Според достапните информации, станот за кој станува збор формално се води на името на децата, а Јелена Карлеуша е нивен законски старател.

Карлеуша и претходно јавно истакнуваше дека по разводот нема комуникација со Тошиќ, иако, како што нагласува, нивните ќерки имаат нормален и коректен однос со таткото.

Пејачката во повеќе наврати тврдеше и дека Тошиќ не плаќа алиментација за ќерките Атина и Ника, но изрази уверување дека проблемот ќе биде решен по институционален пат, согласно важечките законски решенија.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....