13:18 - 27 ноември, 2026

Пронајдена ПОРАКА ВО ШИШЕ СТАРА 21 ГОДИНА: Патувала од Бахамите до Велика Британија

Британец, додека се шетал на плажа пронашол зелено шише со порака кое патувало од Бахамите до Англија дури 21 година. Според тамошните медиуми, Криспин Бентон бил на прошетка на „Касл Бич“ во Фолмут, југозападна Англија, кога го пронашол шишето минатата недела, еден ден, по работното време. Студент кој случајно се нашол на плажата, го снимил Бентон и двајцата заедно го отвориле шишето.

„Имаше плима… Го зедов шишето, а потоа си помислив: „О Боже, има порака“! Па, малку и се возбудив… Тоа беше писмо од девојче од Канада. Во прекрасно сочувана состојба – а шишето беше затворено. Навистина морав да потегнам за да ја тргнам тапата“ –  раскажува Бентон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIAB (@ctrivermiab)

„Ве молам, не загадувајте“, пишува во пораката.

Станува збор за рачно напишано писмо од Ана, која во 2001година имала 6 години. Еколошки свесното девојче вели дека е од Канада и го поканува пронаоѓачот да контактира со неа. На адресата што ја напишала, денес има индустриски комплекс.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....