3.8 C
Скопје
22:59 - 20 декември, 2024

Промоција на песната „Збогум младост моја“, посветена на Влада Дивљан

Премиерна изведба на песната „Збогум младост моја“, по текст и композиција на Александар Прокопиев а во изведба на Бранислав Николов, Гоце Јованоски и Александар Прокопиев, ќе се случи во вторник, (21 октомври) од 20 часот во „Културно Информативен Центар – Скопје“.

Настанот е замислен како мини-концерт на кој, покрај песната, би биле изведени и неколку песни од „Пијан Славеј“ и неколку песни од проектот „Реобмислување“.

„Збогум младост моја“ е посвета на Влада Дивљан, фронтменот на групата „Идоли“, со кого Александар Прокопиев свирел заедно во неговата белградска фаза. Песната дури и е изведена, во осумдесеттите, на живи свирки во Белград, а сега, со македонски текст, повторно снимена во Скопје, во студиото „Алшар“, а во издание на „Прозарт медиа“.

– Во 1972 година јас бев студент на компаратива и живеев како потстанар кај семејството Галиќ. За среќа, освен што беа прекрасни луѓе, со кои убаво се сложував, имаа многу добро пијано. Во тоа време јас необврзано настапував со некои белградски групи, и често на пијаното, на задоволство на домаќините, музицирав. Синот на Галиќи се викаше Владо, и беше најдобар гимназиски другар со Влада Дивљан. И нормално, дојдоа таму, Влада веќе свиреше гитара, и така почна нашето долготрајно пријателство. Веќе во јануари 1973 година формиравме група која се викаше Мерлин, а во која настапуваа маалскиот другар на Влада, Зденко Колар на бас гитара, и мојот маалски другар, Никола Поповиќ на тапани. И така почна една многу долготрајна музичко другарска авантура, кога името на составот се менуваше: почнавме како „Мерлин“, па „Звук улице“, и станавме прилично познати во Белград. Правевме интересни текстови и композиции, но некаде кон крајот на 1979 година јас продолжив со мојата книжевност а тие станаа многу познати како „Идоли“.

Од сето тоа прекрасно искуство остана едно извонредно другарство со Влада Дивљан, кое наспроти сите животни пресвртници и случувања тогаш, и социјални и политички, остана до крај на неговиот живот, кога тој, баш пред неколку месеци, дојде во Скопје да ја прими наградата Златна Бубамара. Токму тогаш и свиревме малку. Тие другарства остануваат и по смртта на еден од другарите.

Децении подоцна, во едно скопско кафуле Џокси ми покажа фотографии од таа последна наша средба заедничка со Влада. И сèто тоа после одеше многу брзо и со некој убав ксмет. Се сетив на една моја композиција која Влада многу ја сакаше и сакаше да ја снимиме во тие наши последни разговори, но остана како идеја. Кога дојдов дома видов дека таа композиција многу лесно ми легна. И после почнаа тие убави работи – мојот другар Дејан Трајкоски дојде кај мене дома, ја слушна, и веднаш ја сними на мобилен телефон. Веднаш му ја пративме на Гоце Јованоски, кому исто така веднаш му се допадна. Веднаш направи извонреден аранжман, и после со извонредниот глас на Бранислав Николов, таа песна стара 4 децении повторно оживеа.

Интересно е што насловот „Збогум младост моја“ се совпадна со заминувањето на Влада, но од друга страна сведочи за доживотното траење на другарството со една ретка и богата личност, раскажува Александар Прокопиев за песната.

Настанот е во организација на „Прозарт медиа“ а поддржан е од „Македонски музички текови“, проект на „Културно Информативен Центар – Скопје“ и „Град Скопје“.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....