39.8 C
Скопје
15:33 - 21 август, 2026

Синот на Дадо Топиќ со искрена исповед: „Десет години не го видов татко ми, но научив дека животот не е црно-бел“

Рок-легендата на поранешна Југославија, Дадо Топиќ, има два сина од два брака – Даниел и Реа.

Постариот син, Даниел, живее во Париз и се занимава со модна фотографија. Минатата година, на Неделата на модата, новинарите на „Курир“ го сретнаа со фотоапарат во рацете и токму тогаш го направија неговото прво интервју за српските медиуми.

Во разговорот, Даниел отворено зборува за животот во Франција, за детството обележано со разделбата на родителите, но и за комплицираниот однос со својот славен татко.

„Долго живеам во Париз, од мојата осма година. Тука завршив училиште и факултет. Се занимавав со манекенство, патував низ Европа, Азија и Америка, а потоа се префрлив на фотографија, поради која исто така постојано сум на пат. Во последно време сум во Париз бидејќи мајка ми е болна“, раскажува тој.

Манекенството, како што вели, било случајност, но токму преку таа професија ја открил љубовта кон фотографијата.

„Повеќе ми се допаѓа да бидам зад камера отколку пред неа“, искрен е Даниел.

Во Париз се преселиле како семејство во 1982 година.

„Дојдовме сите заедно, мајка ми, татко ми и јас. Потоа работите меѓу нив се искомплицираа, се разведоа. Мајка ми реши да остане во Париз, татко ми се врати дома. Така се изгубивме од вид, а потоа дојде и војната“, раскажува тој.

По разводот, контактот со таткото целосно се прекинал.

„Не го видов 10 години, од мојата осма до 18. година“

На прашањето како го поднел тоа, одговара смирено и зрело: „Кога си дете, тоа ти оди директно во срце – си мислиш, тоа ми е татко. А кога ќе пораснеш, сфаќаш дека животот не е црно-бел. Го прифаќаш тоа како што е. Тој до мојата осма година беше најдобар татко на светот и со тоа си заработи „кредит“ кај мене. Што било – било. Не сакам да останувам во минатото, сакам иднина“.

Првиот повторен контакт дошол по иницијатива на Топиќ.

„Тој ме повика кога отвораше студио во Рогозница, во Хрватска. Тоа лето отидов таму и се видовме. Го поминавме летото заедно“.

Денес, нивниот однос го опишува како специфичен.

„Не сме многу во контакт. Имаме чуден однос. Секогаш јас бев тој што се јавуваше. Во еден момент ми здодеа секогаш јас да бидам тој. Денес можеш да контактираш на илјада начини. Тој е многу чуден, но не му замерувам. Ако утре му затребам, тука сум. Татко е татко, крв е крв. Јас сум тука за луѓето, но не се наметнувам – ако сакаш да ме повикаш, повикај ме“.

Иако признава дека таткото му недостасува, научил да прифаќа.

„Некои работи мораш да ги прифатиш. Се обидов да разберам, но има мистерии што, за жал, не можеш да ги откриеш. Секој од нас носи нешто што мора да го прифати. Јас тоа го прифатив и во ред сум со тоа“.

Слични објави

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо
Се вчитува....