17:34 - 9 ноември, 2026

Прогласени се победниците на Берлинале: Документарец ја освои главната награда

Прогласени се победниците на 73. Берлински филмски фестивал, а документарниот филм „On the Adamant“ на Николас Филиберт ја доби престижната награда Златна мечка како најдобар филм на меѓународниот фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berlinale (@berlinale)

Филмот „On the Adamant“ прикажува уникатен дневен центар во срцето на Париз кој прима возрасни лица кои страдаат од ментални нарушувања, нудејќи им вид на нега што ги втемелува во времето и просторот и им помага да закрепнат или да го одржат своето расположение.

Претставувајќи го филмот, шефицата на жирито Кристен Стјуарт рече дека филмот е „маестрално изработен“ и делува како „кинематски сведоштво за виталната неопходност на човекиот израз“.

Други победници во меѓународната конкуренција беа Филип Гарел, кој ја доби Сребрената мечка за најдобар режисер за филмот „Le grand chariot“. Гарел му ја посвети наградата на починатиот режисер Жан-Лук Годар.

Сребрена мечка му беше доделена и на Јоао Канихо за „Bad Living“, а германскиот режисер Кристијан Пецолд ја доби големата награда на жирито „Сребрена мечка“ за „Roter Himmel“.

Берлин воведе родово неутрални актерски награди во 2021 година, а добитничката на овогодинешната Сребрена мечка за најдобра главна улога е детската глумица Софија Ортеро за нејзиниот дебитантски филм „20.000 видови пчели“ , а Теа Ехре ја освои Сребрената мечка за најдобра споредна женска улога.

Германската режисерка Ангела Шанелек ја доби Сребрената мечка за музика, а француската кинематограферка Хелен Луварт ја освои Сребрената мечка за исклучителен уметнички придонес за нејзината работа на „Disco Boy“ на Џакомо Абруцезе.

Почесната Златна мечка му беше врачена на Стивен Спилберг, а легендарниот режисер во вторникот лично ја прими наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berlinale (@berlinale)

 

 

 

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....