07:09 - 5 април, 2026

Принцот Хари вели дека „Мегзит“ е мизогинистички термин

меган маркл, принц хари

На панелот наречен „The Internet Lie Machine“, организирано од американското списание за технологија и култура „Wired“, Хари ја отвори темата за интернет омразата и начинот на кој таа е насочена кон неговата сопруга Меган Маркл.

„Можеби луѓето го знаат тоа, но терминот „Megxit“ беше или е мизогинистички термин, создаден од тролови, засилен од кралските дописници, и растеше и растеше и прерасна во мејнстрим медиумите“, рече Хари.

(ФОТО) Ѝ ОДДАВА ПОЧИТ СО ОВИЕ ДЕТАЛИ: Меган Маркл по модните стапки на принцезата Дијана

Откако Хари и Меган се преселија во Калифорнија минатата година за да водат понезависен живот, Хари во интервјуто со Опра рече дека дел од причината за нивното заминување од кралското семејство бил и расистичкиот однос на британските таблоидни медиуми кон Меган, чија мајка е со темна кожа.

Истражувањето објавено во октомври од страна на аналитичарот на социјалните медиуми, Бот Сентинел, идентификуваше 83 профили на Твитер за кои се тврди дека се одговорни за 70% од содржината на омраза и дезинформации насочени кон Меган и Хари.

„Можеби највознемирувачки дел од ова беше бројот на британски новинари кои комуницираа со нив и ширеа лаги. Но, тие лаги ги прикажуваат како вистина“, коментираше Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caras Portugal (@carasportugal)

Токму поради оваа причина, Хари и Меган водат кампања против негативноста на социјалните мрежи, за која велат дека влијае на менталното здравје на луѓето, пренесува „Reuters“.

(ФОТО) „ТАЈМ“ ГИ ПРОГЛАСИ ЗА НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Меган и Хари мета на потсмев на социјалните мрежи

Принцот Хари исто така се осврна и на трагедијата што ѝ се случи на неговата мајка принцезата Дијана која загина во сообраќајна несреќа додека ја бркаа папараците.

„Ја изгубив мајка ми поради ова лудило, а очигледно сум решен да не ја загубам мајката на моите деца поради истото“, вели Хари.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....