18.8 C
Скопје
16:00 - 15 март, 2026

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

Кралскиот експерт и биограф Том Квин рече дека принцот Хари ќе има „кратка и формална“ средба со кралот Чарлс Трети за време на неговата посета на Велика Британија оваа пролет, пишува Мирор.

Војводата од Сасекс се очекува да зборува на 10-годишнината од Ивиктус игрите во катедралата Свети Павле на 8 мај. Иако неговото патување не е официјално потврдено, Хари е наведен како гостин на официјалната церемонија и треба да оджри говор на отворањето.

Том Квин сугерираше дека војводата ќе се сретне со татко му кој е „поблаг“ кон него од неговиот постар брат, принцот Вилијам.

„Нема да биде премногу тешко за Хари да го види својот татко, иако врската е исто така полн со болка и горчиливо чувство. Но Чарлс знае дека Хари имал тешко детство, за кое тој, Чарлс, бил делумно одговорен, и затоа тој повеќе му простува од Вилијам“, забележа Квин.

Тој додаде дека средбата ќе биде кратка, стравувајќи дека Хари ќе открие какви било детали за јавноста. „Средбата меѓу Хари и неговиот татко, кралот Чарлс ќе биде кратка и формална, едноставно затоа што секој тежок разговор може да резултира со широко емитување поплаки кога Хари ќе се врати во САД“, продолжи експертот.

„Исто како и неговиот однос со Вилијам, односот на Хари со неговиот татко е сериозно нарушен од публикациите и различните интервјуа на Хари и Меган. Вилијам и Чарлс секогаш ќе се грижат дека нема да можат ништо да кажат приватно и без вистински ризик, плашејќи се дека Хари ќе објави сè јавно“, рече Том Квин.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....