8.8 C
Скопје
04:48 - 4 април, 2026

ПРИНЦЕЗАТА ОД МОНАКО СЕ БОРИ СО СЕРИОЗНИ МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ: Синдромот Ребека се лекува по цена од 130.000 евра неделно

Принцезата Шарлин од Монако се бори со сериозни физички и психолошки здравствени проблеми.

Лани во ноември беше хоспитализирана во приватна клиника во Цирих, првично здравствените проблеми на младата жена се однесуваат на инфекција на носот, грлото и ушите, но не е само тоа, изгледа дека таа има повеќе психолошки отколку физички проблеми.

Докторите поставија хипотеза дека таа боледува од синдром Ребека.

Каков е синдромот Ребека?

Со ова ментално нарушување се мисли на одредена форма на љубомора кон бившите девојки на партнерот.

До сега, повеќе девојки беа дел од животот на принцот Алберт од Монако, пред тој да одлучи да изгради семејство, а и не случајно беше посочен како еден од најпосакуваните ергени во светот: убав, богат и славен.

Помеѓу многуте врски на принцот тука е и Никол Кост, со која го има синот Александар, кој сега се обидува да направи убава врска со Алберт, татко си.

Во врска со ова, Кост не беше нежна кон Шарлин во последното објавено интервју, обвинувајќи ја дека го оддалечува Александар од неговиот татко, па дури и му ја резервирала просторијата наменета за гости кога престојувал кај нив.

На ваквите работи принцезата едноставно не знае како да одговори.

А во меѓувреме, според гласините што протекоа од француските медиуми, се зборува и за хипотетичка бројка дека принцот Алберт би плаќал неделно за третмани на сопругата во клиника во Цирих за лекување на нејзината болест, а трошокот би изнесувал 130.000 евра неделно.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....