3.8 C
Скопје
02:47 - 25 март, 2026

Принц Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс Трети, без Меган Маркл: Аранжман со обезбедување од 48 часа, еве ги деталите

Принцот Хари би можел да биде дочекан со обезбедување во Велика Британија во однапред договорена 48-часовна посета за крунисувањето на Чарлс III. Но во овој аранжан не припаѓа и Меган Маркл, така Хари би требал да присуствува на големиот британски настан без сопругата. Веста ја пренесува Дејли меил, повикувајќи се на извори во кралската палата.

Според новинарите, војводата од Сасекс може да одлета на крунисувањето на својот татко, додека неговата сопруга Меган Маркл ќе остане во Калифорнија за да го прослави четвртиот роденден на нивниот син Арчи.

Еден ден претходно, кралските инсајдери потврдија дека принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат поканети на крунисувањето на Чарлс III, и покрај серијата скандали по објавувањето на серијата на Нетфликс „Хари и Меган“ и мемоарите „Резерва“.

Познато е дека поканите ќе бидат испратени овој месец. Покани ќе добијат 2.000 луѓе, меѓу кои и војводата и војвотката од Сасекс.

„Принцот Хари и Меган Маркл дефинитивно ќе бидат поканети и работиме во очекување дека ќе дојдат“, сподели изворот.

Прослави во чест на крунисувањето на Чарлс III ќе се одржат во Велика Британија од 6 до 8 мај.

Претходно беше објавено дека Чарлс Трети сака присуство на Хари и Меган на неговото крунисување, но принцот Вилијам е против тоа.

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....