02:10 - 5 април, 2026

„Пријовиќ е иста како Цеца, се облекува и се шминка како Цеца“: Карлеуша пак ја нападна помладата колешка

Јелена Карлеуша ја нарече Александра „надградена верзија“ на Цеца.

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна во центарот на Белград ја сретнала и ја запознала Александра Пријовиќ за која претходно даваше изјави кои не се ни слични на пофалбите кои пејачката ги добива од другите колеги последниве месеци, по распродадените Арени во Белград и Загреб.

Јелена откри и дека на почетокот не ја препознала Пријовиќ кога и пришла во ресторан, за подоцна да признае „дека ја купила со добро воспитување“. Но, сега таа вели дека и покрај мислењето за нејзиното однесување и пристојност, смета дека Прија е иста како Цеца Ражнатовиќ.

„Александра Пријовиќ е совршен отпечаток на Цеца. Таа личи на Цеца, има мимика како неа, се шминка и се облекува како неа, но го нема негативниот префикс на Цеца. Прија 2023 е „надградена“ верзија на Цеца, но се што го расипуваше софтверот е исфрлено“, рече Карлеуша.

Потсетуваме, Александра пред неколку дена покажа нова фризура со која бројни корисници на социјалните мрежи ги потсети на Цеца:

принтскрин/Инстаграм

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....