16:48 - 31 март, 2026

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Шеф Бранко Попоски од „Готвиме со Бранко“ ни носи рецепт за превкусен авјар по рецепт на баба.
За да го подготвите ајварот потребни намирници се: 8 килограми црвени пиперки, 3 големи модри патлиџани, 380 милилитри масло, 1 голема лажица шеќер, сол (по вкус).
Испечете ги пиперките, внимавајте да не ги изгорите, па потоа излупете им ја кората и исчистете ги семките (за побрзо да се лупат, ставете ги после печење во најлонска кеса). Откако ќе ги излупите, оставете ги да се оладат, а потоа ставете ги на цедилка околу час , два со цел убаво да се исцеди водата од нив.
Додека се цедат пиперките, испечете ги и модрите патлиџаните, па излупете ги и нив и исцедете ги. Потоа, ставете ги пиперките и модрите патлиџаните во апарат за мелење месо или пак специјална мелница за пиперки, и добиената смеса ставете ја во голем лонец или народски кажано шерпа. Почнете полека да варите.
Смесата мешајте ја што повеќе со дрвена лажица, а за време на варењето постепено додавајте масло, по 80 милилитри на секои 20 минути. Додека се подготвува ајварот, мешајте убаво и внимавајте маслото да не излезе на површина. На околу 20-тина минути пред крајот од варењето, додајте ја и солта и шеќерот. Доколку сакате да знаете дали ајварот е готов, поминете со лажица по дното – ако таа остава зад себе траги во која можете да го видите самото дно, тогаш ајварот е готов.
Теглите убаво измијте ги и ставете ги во печна на 50 степени. Полека почнете да полните додека се топли.
Откако ќе ги наполните, на врвот од секоја тегла додајте малку масло и добро затворете ги со капак. Држете ги сите на едно место, прекриени со крпа. Откако ќе помине еден ден, однесете ги на ладно и темно место.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....