6.8 C
Скопје
23:08 - 9 март, 2026

Претседателот Џо Бајден нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети: Кој ќе отпатува за Лондон наместо него?

Бајден ќе го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс III. Церемонијата ќе се одржи на почетокот на мај, но извештаите сугерираат дека претседателот на Соединетите Американски Држави нема да присуствува.

Кој ќе патува во Лондон на местото на Бајден? Според американските медиуми, Бајден побарал од првата дама Џил и од потпретседателката Камала Харис да присуствуваат на крунисувањето на 6 мај.

„Сметаме дека претставник ќе биде првата дама и/или потпретседателката“, изјави извор за Дејли Мејл.

„За кралицата тоа беше гувернерот на Калифорнија и началникот на Генералштабот на американската армија“.

Според Дејли меил, Дам Карен Пирс, британската амбасадорка во САД, и претставници на Бакингемската палата биле вклучени во „срдечни и дипломатски“ разговори со американската влада за организирање на делегацијата.

Во меѓувреме, принцот Хари и Меган Маркл исто така се поканети да присуствуваат на церемонијата, но тие допрва треба да потврдат дали ќе отпатуваат во Велика Британија на крунисувањето.

„Роденденот на Арчи е на 6-ти мај, денот на крунисувањето и војводите од Сасекс сакаат семејството да го препознае тоа“, изјави извор за британски ОК! .

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....