10.8 C
Скопје
23:59 - 3 април, 2026

Предупредување од Попоски: Голема промена на времето, можно е невреме, еве кога

– Утре во Македонија ќе имаме уште потопло време за разлика од денес и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.  Времето ќе биде претежно сончево, додека во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Во текот на следната седмица нашата територија ќе биде зафатена од серија на влажни воздушни бранови, но и од ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖА воздушна маса од север. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе биде и нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на локално НЕВРЕМЕ, особено во понеделник попладне.

Температурите следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно ќе биде МНОГУ ПОСВЕЖО од вообичаеното и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени во најтоплите југоисточни предели.

Во Скопје исто така во текот на следната седмица ќе има почеста појава на врнежи од дожд. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 18 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....