13:28 - 27 август, 2026

„Нешто слатко“ со Јелена Јованова и Сашко Коцев премиерно во Синеплекс

Словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија и со актерите Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, ќе ја има својата македонска премиера вечерва (6 мај) во киното Синеплекс во Скопје. Филмот премиерно беше прикажан во Словенија, поточно во Љубљана во февруари кога предизвика голем интерес.

Според режисерот Водопивец, кој исто така игра во комедијата, идејата им била да направат филм за луѓето, кои кога ќе го гледаат, ќе заборават на сè.
“Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.

Коцев кој е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата, претходно посочи дека ова е филм за човековата прва и последна шанса во животот. Тој со Водопивец, кој му е пријател повеќе од десет години, има настапувано на многу стендап настапи во Скопје, Белград, во Хрватска, Словенија… Токму по сугестија на Коцев и Јелена Јованова стана дел од филмот. Таа е копродуцент од Хрватска. Македонски партнер е „Процес К продукција“

Слични објави

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.

Хороскоп за 27 август: Овните ќе се фокусираат на саканата личност, Близнаците ќе имаат креативни идеи

Еспресо

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо
Се вчитува....