12.8 C
Скопје
17:48 - 28 октомври, 2026

Во чест на Принц во Минесота ќе се именува автопат со неговото име

11-километри од патот кој поминува низ Минесота ќе биде преименуван според името на музичарот Принс, рокерот кој стои зад хитовите како „Purple Rain“, „When Doves Cry“ и „Raspberry Beret“ и други.

Принс почина на 57-годишна возраст во 2016 година од  предозирање со фентанил.
Патот го минува неговото поранешно седиште во „Пејсли Парк“ и врти низ предградијата на Минеаполис, Ченхасен и Еден Прери. Ќе се вика Меморијален автопат Нелсон Роџерс Принс, а знаците што го означуваат името на патот ќе бидат виолетови.

Пријателите и семејството на Принс ќе ги платат сите трошоци поврзани со промената на името, според сенаторката Џулија Колман.

„Принс беше вистински гениј, визионер кој ги помести границите на музиката и културата на начини кои никогаш нема да бидат заборавени. Неговото влијание може да се слушне во работата на безброј музичари кои дојдоа по него, а неговото наследство продолжува да ги инспирира новите генерации уметници“, рече Колман, пренесува Deadline.

Предлог-законот мора да биде потпишан од гувернерот на Минесота, кој се очекува да ја одобри промената.

Слични објави

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.
Се вчитува....