11.8 C
Скопје
16:20 - 30 март, 2026

Познати убавици во одбрана на љубовницата на Пике: „Што ти требаше тоа Шакира?“

Поранешната девојка на раперот Тимати, руската топ моделка и бизнисменка Анастасија Решетова застана во одбрана на љубовницата на Жерар Пике, со која фудбалерот ја изневеруваше пејачката Шакира.

Решетова го сподели своето мислење со своите следбеници на социјалните мрежи, кои ги има над 2 милиони, и предизвика лавина коментари.

Имено, Шакира објави песна во која наводно го навредува своето поранешно момче Жерар Пике и неговата нова девојка, 23-годишната студентка Клара Чиа Марти, со која ја изневерувал.

„Вредам за две 22-годишници. Замени Ферари за Рено Твинго. Го замени Ролексот за Касио“- испраќа двосмислена порака Шакира но новата песна која веднаш стана хит.

Анастасија Решетова реши да застане во одбрана на љубовницата на дефанзивецот на Барселона.

„Искрено не разбирам зошто повеќето од нападите во оваа песна се упатени кон девојката. Сепак, таа не положи заклетва пред олтарот на верноста и вечната љубов “, рече поранешната девојка на Тимати.

На страната на Решетова застана и руската новинарка Алена Водонаева, напаѓајќи ја Шакира со зборовите – „Вие сте ѕвезда од светска класа, жена од категорија А, и со кого се ставате на исто ниво? За што? Што ви требаше? “, коментираше таа.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....