9.8 C
Скопје
00:31 - 18 октомври, 2026

Потресен лелек за помош на Ана Николиќ: „Не пијам од вчера, туку со години, не знам што ми е, како изгубен случај сум…“

Пејачката Ана Николиќ се најде во центарот на скандал откако беше објавено видео на кое се гледаат рани на лицето, а потоа и поради прекин на соработката со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ, кој имено, и го објави спорното видео на социјалните мрежи.

Потоа се појави и ново видео на кое пејачката не изгледа најдобро, а раните се на целото лице, односно на носот, брадата и образите. На видеото таа се обраќа некому и вели дека треба ја носи кај извесна жена за да ѝ помогне.

– Се договоривме да ме однесеш кај таа жена. Можеш ли да ја земеш малку целосната слика? Ако тебе не те испочитував, тогаш навистина не знам кого. Јас не сум личност позната по тоа што доцни. Последнава година немало настан на кој сум стигнала. Разбираш дека ми се случува нешто што не е вообичаено и не е нормално – започна Ана и продолжува.

– Јас не пијам алкохол од пред една година. Со години пијам алкохол. Што е тоа важно? Ме прашуваш што правам од 8 сабајле? Еве, прашај ме и ќе ти кажам. Како изгубен случај, одам така, барам работи низ дома, не знам каде што ми е. Зашто сменив 300 чистачки, тука само некои будалетинки доаѓаа. Да не ти раскажуваш што последната дадилка ми приредуваше и уценуваше. Ми прават хаос во животот. Не се осмелувам никого да пуштам во станот. Така, јас правам сè сама. Пепелашка сум – вели таа, а пренесува српски „Курир“

– Мене стварно не ми е добро и јас те молам да и се јавиш на таа жена, а ти не мора да одиш со мене, закажи ми да одам. Ќе одам верувај ми уште вечрва зашто не ми е добро. Јас година дена не знам што ми е. Таа жена е видовита. Па нека види што ми е. Нека каже дали нешто правам намерно. Ма, човече, гледаш дека спобудалувам – зборува Ана низ солзи на снимката објавена на Јутјуб каналот Hype TV БиХ.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....