11.8 C
Скопје
16:30 - 16 октомври, 2026

Последно збогум за Гоце Тодоровски – Замина човекот кој со децении ја носеше насмевката во македонските домови

На 75-годишна возраст, по долга борба со здравствените проблеми, почина Гоце Тодоровски, актерот кој со децении беше вистински симбол на македонскиот хумор, театар и телевизија. Неговото име засекогаш ќе остане синоним за култните „Македонски народни приказни“, каде преку автентичните ликови, со топлина и харизма, помогна народното творештво, традицијата и македонскиот збор да допрат до секој дом.

Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство.

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба … Го напушти овој свет, а ми вети … Срцето не издржа, престана да работи … Го реанимираа, направија сè, престана да диши, на кислород ставен, практично апаратурата го држеше, не издржа бе татко … Невидена желба за живот … Лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено, сега летај со ангелите … Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, остана без една половина. Иако пензионирани, не се помири и готово. Крај. Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, напиша неговата ќерка Сашенка Тодоровска.

Со заминувањето на Гоце Тодоровски, Македонија загуби уметнички великан, но зад него останува богат опус и спомени што никогаш нема да избледат. Неговиот весел дух, препознатливиот глас и ликовите што ги оживеа ќе продолжат да живеат преку она што го создаваше децении наназад.

Слични објави

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.
Се вчитува....