7.8 C
Скопје
21:39 - 30 март, 2026

Последната средба со татко му пред да почине: Приказна која ќе ве расплаче од пејачот Илиевски

Пејачот Дарко Илиевски кој живее во Америка со семејството неодамна го изгуби својот татко од кој се прости на социјалните мрежи со емотивни зборови.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша пејачот.

Тој во последниве денови објавува слики од своето семејство со кое е сега во Скопје, пред повторно да се врати на Флорида, каде што живее со сопругата Ивана, ќерката и синот и организира забави за иселениците од Балканот каде што и тој настапува.

Минатата година, тој беше актуелен во јавноста откако објави дека за десет месеци ослабел 65 килограми, откако завршил во болница. Од 152 килограми, сега има 87. Илиевски беше еден од нашите најпопуларни млади поп-пејачи, и уште се слушаат неговите песни „Едно тело“- дуетот со ДНК, „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“.

Дарко си ја отвори душата за последната средба со својот татко, за естрадниот магазин „Бекстејџ“, кој објави видео од неговото гостување, а пејачот таму изјави:

„За жал почина татко ми, Бог да го прости. Последните неколку дена само прашуваше кога ќе дојде Дарко. Но ете, во неделата вечерта дојдов, во понеделникот тој веќе почина. Кога се видовме, веќе беше во тешка ситуација, успеа и да ме препознае и ете, да кажеме дека се простивме“, рече пејачот.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....