16:57 - 7 ноември, 2026

(Фото) Софија Милошевиќ во друштво на славната руска манекенка и трендсетерка: Се разведе од 27 години постариот руски тајкун

Многумина немаа поим дека Софија и Елена се блиски, а фотографијата што српската манекенка ја објави на својот Инстаграм го покажува тоа.

Контроверзната руска манекенка и блогерка Елена Перминова, која до неодамна беше во брак со милијардерот Александар Лебедев (65), кој ја спаси од канџите на дрогата и ја извлече од затвор, е пријателка со српската манекенка Софија Милошевиќ.

Јавноста не знаеше дека сопругата на фудбалеро Лука Јовиќ и Елена се пријателки, сè додека Софија не ѝ се обрати преку Инстаграм и не ѝ го честиташе роденденот со емотивна порака.

Милошевиќ позирала во топ со огромно деколте, кое го привлече вниманието на сите, а коментарите поврзани со стилот само продолжуваа.

„Среќен роденден, душо“, ѝ го честиташе роденденот Софија на Елена, со заедничката фотографија.

Која е Елена Перминова?

Елена Перминова ја започна својата кариера како модел кога имаше само 15 години, а еден од нејзините први ангажмани беше снимањето за списанието „Плејбој“. Подоцна, беа закажани бројни кампањи и соработки со луксузни брендови.

Во 2024 година, таа објави на својот блог дека се развела од Лебедев, кој беше 27 години постар. Двојката беше заедно речиси две децении и имаат четири деца – Никита (15), Егор (12), Арина (10) и Александра (3).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)


Лена сега е во врска со младиот модел од Украина, Тарас Романов, со кого постојано споделува заеднички фотографии на својот профил на Инстаграм, на кои се нераздвојни и вљубени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)


Елена и Тарас во моментот се Венеција, по повод одржувањето на Филмскиот фестивал.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)


Романов, како дете, се преселил со своите родители во Америка.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....