16:28 - 31 март, 2026

Поротата одлучи „виновен е“: Бил Козби осуден за сексуален напад на малолетничка

Бил Козби е виновен за сексуален напад врз жена која во тоа време била малолетна. Ова го одлучи поротата на граѓанското судење кое пристигна на финишот во Калифорнија. Сексуалното вознемирување што се случило во 1975 година, а кое денес конечно доживеа пресуда која носи задоволство за жртвата, израдува и десетици други жени- жртви кои го обвинуваа Козби за сексуално вознемирување. 

Џуди Хут, жртвата, тогаш имала 16 години. Вознемирувањето се случило во Плејбој замокот на Хју Хефнер во 1975 година.
Хут ја прифатила поканата на Козби, во тоа време веќе познат актер, да му се придружи во вилата на Хефнер, но не очекувала дека комичарот, кој во тие години глумеше во филмови со Сидни Поатје и Ричард Прајор, ќе ја принуди на несакан сексуален чин за кој сега Козби ќе треба да плати отштета од половина милион долари.
Пресудата помага уште еднаш да се урне имиџот на поранешниот „добар татко“ на „Шоуто на Бил Козби“ кој веќе беше осуден од кривичниот суд за сексуално вознемирување и потоа се ослободи.

Хут влезе на судскиот терен во 2014 година, но освен на неа, пресудата во Лос Анџелес им носи задоволство на десетици жени кои со текот на годините ја раскажуваа истата приказна за Козби: намамени во спалната соба на глумецот, дрогирани или наведени да пијат додека не ја изгубат свеста, а потоа нападнати и силувани.
Многумина од нападнатите и силувани жени,не може да бидат сослушани на суд некои и поради недостаток на факти, но во случајот со Џуди Хут, можноста да го стави Козби пред неговите одговорности беше овозможена затоа што жената во 1975 година била малолетна и го тужела пред граѓанскиот суд.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....