5.8 C
Скопје
00:35 - 1 април, 2026

(Фото) Поранешното момче на Тејлор Свифт се ожени: Тајна венчавка со убавица

Пејачот Том Одел (32) тајно се ожени со моделката Џорџи Сомервил (22). На венчавката присуствувале само најблиските членови на семејствата на младоженците.

Инаку, Томас претходно се забавуваше со американската суперѕвезда Тејлор Свифт, но подоцна призна дека „средбите не им биле баш најдобри“, пишува Дејли Мејл.

Приватната церемонија на Томас и Џорџи се случила во саботата (25 ноември) во црквата Свети Јован Ерусалимски во Лондон. Пред крунисувањето на љубовта, парот се забавувал неколку години, а биле свршени три години.

Џорџи (22) сподели фотографии од среќниот ден на својот Инстаграм профил. Моделката носела прекрасна венчаница од свила, дизајнирана во викторијански стил, во нијанса на слонова коска.

Убавата Џорџи потоа ја променила облеката во коктел фустан со пердуви.

Гостите биле транспортирани од црквата до местото на прославата со црвени двокатни автобуси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louise Proddow (@rejuvage)

Том Одел се прослави со својот хит Another Love, кој има 825 милиони прегледи на Јутјуб.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....