11.8 C
Скопје
21:16 - 18 октомври, 2026

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ лудува во Виена: Вечерни журки, пијалак и цигара

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведуваат, а додека сите пишуваа за пропаѓањето на нивниот брак, бизнисменот неодамна се врати во Виена и престојува(ше) во замокот Ебенфурт кој заедно го купија со Драгана пред повеќе години и заедно го реновираа. Сепак, Тони се почесто излегува навечер на различни забави.

Овојпат српскиот портал Информер дојде до видео од Бијелиќ како шета низ толпата во клуб во австриската престолнина. А она што привлекува внимание е неговата цигара која постојано ја има во уста и покрај забраната за консумирање никотин во затворени простории. Како што дознаваат од Информер, никој не пушел цигари во клубот освен бизнисменот кој се шетал со цигара меѓу гостите во локалот.

принтскрин, видео Информер

Драгана порано често зборуваше за Тони и секогаш нагласуваше дека двајцата имаат нереална и нераскинлива врска, а тој често ја пофалуваше во друштво на своите пријатели:

– Ах, Тони мој… О, Боже, никој не се фали со својата жена како тој! Да можев да ви покажам некои работи… Тој сега се дружи со Ван Дам, актерот, неговите пријатели, колеги од Америка, Франција… Сега сите знаат за Драгана Мирковиќ и ме следат на Инстаграм! Значи, неверојатно е што ме заследија, ние така се допишуваме, едвај чекаме да се сретнеме и така… (се смее) Па когаТони ќе почне да зборува за мене… Веднаш ќе мора да почнете да ме следите! – изјави претходно Драгана.

Слични објави

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо
Се вчитува....