22.8 C
Скопје
12:47 - 28 септември, 2026

Поранешната снаа на Кеба има дури две професии: Ем личи на Северина, ем е високо образована!

Поранешната сопруга на Игор Којиќ, Софија Даќиќ, го привлече вниманието на јавноста со својот настап во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, оставајќи многумина без зборови со својот глас и појава.

Иако по професија е инженер, Софија реши да ѝ се врати својата стара љубов – музиката. Нејзиниот настап брзо стана вирален на социјалните мрежи, а меѓу оние што се изненадиле бил и нејзиниот поранешен свекор, Драган Којиќ – Кеба, кој беше дел од жирито.

Во гостување на телевизија, Софија објасни како одлучила да се пријави во натпреварувањето.

„Завршив две пониски музички училишта – етно-пеење и флејта. Етно-пеењето е моја љубов уште од дете. Десет години посетував вокална работилница кај Биља Крстиќ, тоа ми е најубавиот дел од животот,“ раскажа таа.

Таа додаде дека љубовта кон етно-звукот ја наследила од својата мајка, која потекнува од Косово.

„Таа музика отсекогаш ми била блиска. Понекогаш свирам и флејта, но ретко. Сега учам гитара – кога немам долги нокти, прво ја земам неа,“ изјави низ насмевка Софија.

Фото: Инстаграм/Софија Дачиќ

Настапот стана особено забележан во моментот кога Софија му се обрати на својот поранешен свекор.

„Добро вечер, чичко Драгане. За мене тој секогаш ќе биде чичко Драган. Немав трема од него, веќе сум пеела пред него, а и Игор знае да пее,“ рече таа.

Кеба, како член на жирито, реагираше професионално и со почит.

„Авторитетот на ова жири никогаш не е доведен во прашање. Животот пишува приказни – некогаш снаа, денес натпреварувачка. Минатото е минато, сè што било, било убаво. Ја видов на списокот пред емисијата, но не кажав никому. На бина си за мене како и секој друг натпреварувач. Се чувствува мала несигурност, но има потенцијал. Претвори ја тремата во сила, тоа е најважно,“ изјави пејачот.

И покрај тоа што нивната семејна врска е зад неа, Софија искрено призна дека, доколку можела да избере ментор, би го избрала токму Кеба.

„Ако можев да бирам, мој ментор би бил токму тој“, рече со почит и благодарност.

Слични објави

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо
Се вчитува....