11.8 C
Скопје
01:11 - 4 мај, 2024

Поради замокот влегле во долгови: Палатата покрај Виена не е нивна, ја изнајмувале

Вчера како бомба во медиумите во регионот одекна веста дека Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак.

Пејачката испратила официјално соопштение до медиумите, а Тони засега не се огласил и нема ни трага ни глас од него.

Драгана останала да живее во замокот кај Виена, додека Тони одамна го напуштил замокот. Според некои српски медиуми, парот не живее под ист покрив веќе три години.

Иако јавноста често споменува дека двајцата се сопственици на замокот во близина на Виена, вистината е поинаква.

Драгана и Тони пред 14 години го изнајмиле замокот на 100 години, кој потоа го реновирале, сакајќи да изгледа како што тие си замислиле.

Сепак, уште одамна се пишуваше во некои медиуми дека замокот им носел огромни долгови. Тогаш долгот им бил, како што пишуваше српско „Ало“ 1.040.000 евра, па во палатата Ебенфурт извесен период не можеле ни да влезат.

Замокот што Драгана го добила на користење е изграден во далечната 1160 година и е под заштита на австриската држава. Има четири кули со висина од по 35 метри и се простира на 12.000 квадратни метри.

Редакцијата на српски „Блиц“ во неколку наврати се обидела да стапи во контакт со Тони, но тој не одговорил на нивните повици. Во меѓувреме, Тони го избришал својот профил на Инстаграм, кој го користеше одвреме-навреме, па неговата последна објава на оваа мрежа беше за неговата мајка која почина во декември.

Профилот го користел и за деловни цели, поради компанијата која продава луксузни автомобили, а сега, очигледно, решил дека во овој момент не му требаат социјалните мрежи.

За богатството на Драгана често се пишува. Драгана често се наоѓа на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори. Богатството на Драгана, според последната проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, изнесува 100 милиони долари.

Пејачката и Тони поседуваат бројни недвижнини, некои во Австрија, некои на Балканот, а познато е и дека своето богатство Тони ѝ го препишал токму на пејачката, пишува српски „Блиц“.

(Фото) Ѕирнете во капелата во замокот на Драгана Мирковиќ: Царицата Марија Терезија се молела таму

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....