11.8 C
Скопје
20:47 - 3 април, 2026

Попоски: Вистинската пролет која е во најава сепак кратко ќе трае, еве ја прогнозата

До крајот на денешниот ден во поголемиот дел од Македонија ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1000 м.н.в ќе има врнежи од СНЕГ.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2 воден талог). На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд.

Во следниот период ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец. Повремен локален дожд и снег на планините ќе има и утре, додека од вторник следува КРАТКОТРАЈНА стабилизација на времето и ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ, со ГОЛЕМ пораст на температурите и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во централнит и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и над 20 степени.

Барем одсега гледано, за најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, повторно не очекува врнежливо време и со пониски температури на воздухот. Сепак промени во нумеричките модели се сеуште можни. Детална и официјална анализа за тоа какво време ќе имаме за Велигден следува во текот на новата седмица која е пред нас.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо
Се вчитува....