07:11 - 12 мај, 2026

Попоски: Вечерва ќе имаме нагло заладување, ова се деталите

– Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денов и во текот на ноќта ќе продолжат врнежите од дожд кои ја зафатија нашата држава. Локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 20 л/м2 воден талог). На планините ќе има врнежи од СНЕГ.

Кон крајот на денов и вечерва поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (долж Повардарието повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

На планините и тоа особено на запад и на северозапад ќе се формира снежна покривка од околу 20 цм, додека помала снежна покривка ќе се формира и на местата со надморска височина од околу 1000, локално и под 1000 метри (до околу 10 цм). Во текот на ноќта која што ни следува, како и утре локално провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места (градовите), особено во северните и во западните предели.

Потоа од петок, па за време на викендот следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата (се очекува појава на мраз). Максималните температури особено за викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и БРЗ пораст, па сево ова негативно ќе влијае врз метеопатите, каде се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми, па најдобро истите да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот.

Инаку утре ќе биде релативно ЗИМСКИ ден со потпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 10 степени, но поради СИЛНИОТ ветер кој се очекува температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, со врнежи од дожд до крајот на денешниот ден а ќе започне да дува и ЗАСИЛЕН северен ветер кој ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО намалување на температурите – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....