5.8 C
Скопје
02:04 - 1 април, 2026

Попоски: Температурите и понатаму значително над просекот, летото продолжува до…

– Нашата територија  и во следните десетина денови ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка), и истата ќе условува температури кои се значително над просекот за овој дел од годината. Во следниот период преку ден температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните.

Наутро останува посвежо, но со малку повисоки минимални температури за разлика од изминатиот период, додека преку денот температурите речиси насекаде ќе надминуваат 25 степени, а понекаде, особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.

Во следните денови ќе има и малку повеќе облачност, а ќе има и услови за изолирана и краткотрајна попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ув индекост во следните денови ќе биде малку понизок, но сепак и понатаму релативно висок и ќе има коефициент 6.

Вистинското септемвриско лето продолжува и понатаму во следните десетина денови во Македонија, па кој сака слободно може да ги посети нашите езера и реки низ Македонија и да се освежи – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....