18:23 - 13 ноември, 2026

Попоски: Температури и до 40 степени поради топлотен африкански бран, еве кога

– Под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса од југ (северна Африка), од денес, па во следните шест до седум дена времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде ветровито овие неколку денови, односно ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе останат околу, па и над 20 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интевалот од 31 до 40 степени.

Во Скопје и околината ќе биде многу топло со ветер од северен правец, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет. Минималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.

Следните ноќи кај нас, и тоа особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина ќе бидат “Тропски”, кога температурите нема да паѓаат под 20 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност, (вредност 8). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат што повеќе течности.

НАПОМЕНА: Овој топлотен бран и не е толку екстремно топол како првиот, кога имавме екстремно високи температури од над 40 степени, и екстремно висок Ув индекс кој имаше вредност 10 – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....