01:14 - 5 април, 2026

Попоски: Свежи ноќи и утра, неекстремно топли денови

– Во следните денови во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Исклучок ќе биде четврток, кога особено попладне ќе има појава на локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утрата и понатаму ќе бидат свежи со температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Особено повисоки максимални температури ќе имаме за време на викендот и тогаш тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 34 степени.

Во Скопје и околината во четврток ќе има услови за локална и краткотрајна појава на попладневна нестабилност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 14 степени, а пак максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.

Барем според сегашните анализи со кој располагаме, умерен топлотен Африкански бран нашата територија ќе ја зафати во текот на следната седмица. Истиот нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Многу повеќе детали околу ова следуваат во следните метео објави од наша страна – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....