8.8 C
Скопје
09:57 - 27 октомври, 2026

Попоски со убави вести: Пролетни температури – натпросечно високи до 15 степени, еве кога

– Претежно облачното време и понатаму продолжува во Македонија. Повремено ќе има појава и на сончеви периоди а денес и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Снег ќе провејува само на највисоките планински места. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот денес, како и во следните денови повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, како утринските така и дневните и максималните дневни температури особено во текот на новата седмица која што ни следува ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет а температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

НАПОМЕНА: Натпросечно високите температури на воздухот кој ќе ги имаме наутро и преку ден се резултат на јужното воздушно струење кое е, и ќе биде присутно во Македонија во следниот период – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....