4.8 C
Скопје
06:04 - 28 март, 2026

Попоски со убави вести: Ни доаѓа вистинска пролет, еве кога!

– За време на овој викенд, и тоа особено денес сеуште ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300 – 1400 метри ќе врне влажен снег.

Стабилизирање на времето и ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите ќе има од понедеелник па натаму, иако и тогаш повремено ќе има услови за слаб локален дожд. Сепак ќе има повеќе сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите денес ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, додека од утре, а особено од понеделник па натаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Во следниот период наутро ќе биде постудено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и под нулата, поточно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени.

Во Скопје денес и понатаму ќе има повремен дожд, додека од утре, а особено од понеделник па натаму ќе има повеќе сончеви периоди и постабилно време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 15 степени. Наутро истите пак ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 4 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....