10:17 - 4 април, 2026

Попоски со убави вести: Нема повеќе екстремно високи температури за ова лето, еве од кога

– Продолжува стабилното, суво и претежно сончево време во Македонија, само во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сепак утринските температури ќе бидат многу пониски од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, но утре изутрина во Малешевијата таа ќе се спушти и под 10 степени. 

Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст, но тие нема да бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време. Исклучок ќе биде понеделник попладне, кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурата ќе биде значително пониска за разлика од изминатите утрини и таа ќе се спушта во интервалот од 12 до 16 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.

Ув индексот во следните денови ќе има многу висока вредност (вредност 9), што значи малку ќе биде понизок за разлика од изминатите денови, кога тој имаше екстремно висока вредност 10.

На самиот почеток од следната седмица, во регионот повторно се очекуваат нови временски непогоди и опасно време, а во почетокот од август од Арктикот кон европа би можело да се спушти нов студен бран и со себе да донесе интензивни врнежи од снег во Алскиот регион, но и големо невреме на Балканот – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....