04:08 - 8 ноември, 2026

(Видео) „Секој од нас крши коски за вашите филмови и серии“ – каскадерот на Харисон Форд се самозапали

„Не сакаме АМПТП да нѐ искористува“, изјави Мајк Маса, каскадерот на актерот Харисон Форд кој се качи на сцената на протестот во Атланта и си ја запали облеката.

Тој пред синдикатот на продуцентите се сети и на својот колега Џон Бренекер, кој почина на снимањето на филмот Walking Dead во 2017 година.

„Кажете му го тоа на мојот пријател кој умре додека работеше на вашата серија. Кажете му го тоа на секој од нас што крши коски за вашите филмови и серии“, рече тој.

Здружението SAG-AFTRA се обиде да преговара со Алијансата на филмски и телевизиски продуценти во име на каскадерите. Тие понудија подобри плати за координаторите на акробации, провизии од репризи на мрежата и емисии за стриминг со голем буџет и пауза помеѓу работните денови. Но, безуспешно.

Потсетуваме, штрајкот на актерот во Холивуд трае веќе неколку недели. Протестите се продолжување на притисокот од мај врз медиумската индустрија вредна повеќе милијарди долари, додека таа се бори со „сеизмичките промени“ во бизнисот.

Во Њујорк и Лос Анџелес, актерите маршираа пред канцелариите на Netflix Inc., Paramount Global и други компании, изразувајќи барања за повисоки плати за актерите и други бенефиции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Sanchez (@theelenasanchez)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....