11:39 - 12 ноември, 2026

Попоски: Следува натпросечно топло време, вистинско лето!

– Во Македонија во следните денови ќе имаме натпросечно топло време, со високи максимални дневни температури на воздухот, што значи дека нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ (северните предели на Африка).

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак во попладневните часови атмосферата нема да биде целосно стабилна и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Во Скопје очекуваме слично време, со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, а особено во Малешевијата тие повремено ќе се спуштаат и под 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.

Ув индексот ќе има висока вредност, но не премногу висока и тој ќе има вредност 6.

Како што и претходно најавивме, месецот септември го поминуваме во знакот на летно и топло време за овој период од годината, но и со многу малку врнежи и тие се значително под просекот за месец септември – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....