10:00 - 12 јули, 2026

Дара Бубамара е магнет за мажи: Откри со што ги привлекува

Позната по љубовта кон луксузниот живот и помладите мажи, Дара Бубамара реши да проговори за својот емотивен живот и да открие со што ги привлекува мажите.

Пејачката објасни дека е магнет за мажи, а спортистите ја сакаат поради енергијата со која зрачи.

„Моментално немам момче, но водејќи се од претходните искуства, решив да го сокријам мојот следен партнер од очите на јавноста. Моите врски беа под голем притисок кои ми ги уништуваше љубовните односи“ – изјави пејачката мислејќи на врската со поранешниот сопруг Милан Кесиќ.

„Имам одличен однос со Милан, ќе бидеме семејство до крајот на животот без разлика со кого сме во емотивна врска, ние двајца сме едно. Што се однесува до помирувањето, никогаш не се знае, никогаш не се вели никогаш. Можеби на крај ќе завршам со него, не знам. Побарувачката за мене е голема, мажите толку ме сакаат, тоа не е нормално. Мислам дека нема повторно да се омажам, но често знам да се вљубам, па ни тоа не можам да го гарантирам. Иако имам 45 години, сега би можела да родам три деца, имам таква енергија. Токму поради мојата луда енергија по мене трчаат спортистите и младите момчиња, мислат дека можам да ги следам, а на крајот тие се оние кои не можат да ме следат мене- низ смеа рече Дара и откри дека создава општа гужва кога оди на училиште да го земе синот Константин.

„Во моментов вложувам пари во себе. Финансиски се издржував себе си и син ми, пеам 30 години и сега можам да уживам. Сега има криза низ целиот свет, луѓето или имаат многу пари или немаат воопшто. Вложувам многу во себе, во песни и настапи, убедена сум дека има работа за оние кои сакаат да работат. Се додека сум во оваа работа, ќе бидам слатка, згодна и ќе имам хитови, кога ќе одлучам да престанам да пеам, ќе одам да живеам некаде покрај море и да не се занимавам со естрада. Мојот живот е непредвидлив, но сигурен сум дека се ќе биде како што замислив“ – тврди Дара и открива дека нејзината популарност е далеку поширока од границите на Србија.

„Среќна сум што мајка ми ме роди харизматична, за мене пишиваат австриските, шпанските и германските медиуми, таков маркетинг не може да се плати, луѓето ме сакаат“- заклучи српската пејачка која стана позната со две песни „Сви су ту“,  и „Ја нечу да га видим“, како и со песната „Ѕидови“ која ѝ ја напиша Марина Туцаковиќ.

Слични објави

Здраво Чолиќ откри со која девојка ја имал првата посериозна врска: „Тоа беше симпатија на прв поглед“

Т.Ц.

Хороскоп за 12 јули: Ракови, некој сака да ве претстави во негативно светло

Еспресо

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо
Се вчитува....