11:22 - 12 ноември, 2026

Меган Маркл смисли нов начин да заработи милиони долари

Меган Маркл одлучи не само да се врати на Инстаграм, каде се надева дека ќе заработи од големо име, туку и да им открие на фановите повеќе за себе и за својот живот во нова книга.

42-годишната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, која неодамна се соочи со голем број професионални неуспеси, изгледа конечно се одлучила за својот нов проект кој ветува дека ќе и донесе милиони долари.

Војвотката од Сасекс, следејќи го својот сопруг, реши да напише книга со мемоари. Кралскиот експерт Том Бауер, автор на бестселерот „Одмазда: Меган и Хари и војната меѓу Виндзорите“, зборуваше за ова во интервју за GBNews.

„Сметам дека таа веќе ги пишува своите мемоари и тоа ќе ѝ донесе огромен профит“, рече Бауер.

Покрај мислењето за новата книга на Меган, писателот не можеше да го игнорира нејзиното неодамнешно доцнење на Игрите Инвиктус во Дизелдорф. Меган пристигна во Германија еден ден подоцна од принцот Хари. Во својот говор, поранешната актерка се извини и рече дека имала обврски со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Бауер ги нарече „смешни“ изговорите на војвотката. Тој, исто така, верува дека патувањето на Хари и Меган да се сретнат со Бијонсе било „апсолутна медиумска манипулација“ и „јасно е исценирана за да се сними како таа го гушка Хари“.

Што се однесува до активностите на принцот Хари, по објавувањето на скандалозните мемоари The Spare (Резерва), кои станаа најдискутираната книга на летото, тој работеше на документарниот филм Invictus Heart, кој минатиот месец беше прикажан на Нетфликс. Ги открива личните приказни на спортистите кои учествуваат на Игрите Инвиктус. Филмот доби позитивни критики од гледачите, а принцот беше дури и пофален што на светот му ги претстави современите херои, ранетите и борбените ветерани од Велика Британија, САД, Јужна Кореја, Данска и Украина со нивните реални искуства.

Ова е втор проект на војводите од Сасекс како дел од нивниот договор со Нетфликс вреден 100 милиони долари, по минатогодишната документарна серија „Хари и Меган“, во која тие дадоа неколку бомбастични изјави за семејството на Хари и ги изразија своите ставови за заминувањето од кралското семејство.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....