2.8 C
Скопје
03:02 - 15 март, 2026

Попоски: Пролетни температури, забрзано топење на снегот, еве кога

– Продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево но и ПОТОПЛО време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот.

Исклучок ќе биде самиот почеток на следната недела (понеделник) кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, особено од утре па за време на викендот. Во недела ќе биде најтопло кога во најтоплите предели темпратурите се очекува да се искачат до цели 20 степени.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време. Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 16 степени.

Високите температури кој се очекуваат во текот на следните денови ќе условат ЗАБРЗАНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на скијачките центри. Можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, особено во западните и во северозападните предели каде на планините има најмногу снег, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....