11:40 - 10 ноември, 2026

Попоски прогнозира: Кога и дали завршуваат екстремно високите температури за ова лето

– Барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, со големото освежување и падот на температурите за десет степени кое се очекува кај нас во текот на ноќта среда кон четврток, завршуваат и овие екстремно високи температури на воздухот за ова лето.

Температурите на воздухот кој се очекуваат од четврток ќе бидат пониски од сегашните дури за десет степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 15 степени, понекаде дури и под 10 степени, и тие ќе бидат под просекот за овој период од годината. Сево ова ќе биде проследено и со ветер од западен, а потоа и од северен правец.

Ветерот повремено ќе биде засилен на интензитет, повремено и силен. Сепак со овој продор на свеж воздух од север нема да има врнежи во Македонија, но во регионот му се закануваат нови Суперќелиски облаци и големо невреме. Во регионот ќе биде уште посвежо од Македонија и од среда – четврток максималните температури ќе бидат и под 20 степени.

Ние и понатаму континуирано ќе ја следиме состојбата и доколку дојде до некои промени, на граѓаните навремено ќе ги информираме, по потреба и предупредиме.

Инаку да напоменеме дека завчерашното невреме кое ја зафати Македонија, и истото беше доста силно и направи штети низ државава, навремено беше предвидено и според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....