8.8 C
Скопје
04:35 - 4 април, 2026

Попоски предупредува: Се очекуваат посилни временски непогоди од оние во гостиварско, еве кога

– Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

И во следните 10-тина денови од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, процесите локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

НАПОМЕНУВАМЕ дека во следните 10-тина денови локално низ Македонија ќе наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 60 – 70 л/м2). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и тоа поради опасност од локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

И во Скопје и околината ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат повремено и над малку над 26 степени.

За првиот поизразен топлотен Африкански бран, како и за постабилно време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....